Од банките вчера се подигнати 145 милиони евра, двојно повеќе од најавеното задолжување од страна на Министерството за финансии. Од нив, 70 милиони евра се нов долг. Останатите 77 милиони евра се за раздолжување на Владата.
СДСМ укажува дека Македонија е длабоко турната во „маѓепсан круг на задолженост“. И што е најстрашно, вчерашната аукција на хартии од вредност покажа дека не станува збор само за повлекувања средства и за раздолжувања, туку и за нови задолжувања.
Досега, вкупниот домашен долг само во периодот јануари 2012 – август 2013 година е зголемен за речиси трипати, тврдат од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.