Делата на кралот на поп-артот, Енди Ворхол се најпродавни на светските аукции лани. Неговите уметнички дела се продале за повеќе од 380 милиони американски долари. Втор на листата е Пабло Пикасо, а трет е Германецот Герхард Рихтер (80), најскапиот жив сликар.
Меѓу најскапите дела на Ворхол што биле откупени минатата година се „Дупли Елвис“, продаден за 37.000.000 долари, и „Kипот на слободата“ од 1962 година продаден за 43.700.000 долари.
Лани сликата на Едвард Мунк, „Крик“ се продаде за 119.920 со што стана најскапо продадено дело на аукција. Продажбата одеше преку куќата „Сотби“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


