| четврток, 6 декември 2018 |

Тајзи веќе има песна за многудетно семејство (ВИДЕО)

Тајзи предвреме почна со песните кои промовираат семејна вредност и многудетни семејства за кои Владата ќе доделува средства на конкурс.

Веќе од вчера може да го најдете неговиот прв албум во сите трафики и продавници низ Македонија. Носечката песна на албумот се вика „Пишано е“, за која веќе е снимен видеоспот кој ќе се промовира другата недела.

„Нешто поинакво“ е првиот соло-албум на овој поинаков артист, кој на публиката нуди 10 ново издадени песни и 2 бонус, веќе познати траки.

На албумот покрај Тајзи како текстописец на сите песни, се потпишуваат и нашите музички продуценти Марко Наумовски, Иван Јованов, Јован Јованов, Роберт Билбилов и Нино Васков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top