Оскаровката Џоди Фостер најверојатно има нова девојка, станува збор за Александра Хедисон, позната фотографка.
-Многу е сериозно, тие се тотално вљубени- рече анонимен извор.
Хедисон претходно се забавуваше со познатата комичарка Елен Деџенерис, но таа ја остави поради Порше де Роси, со која сега се во брак.
Фостер која во 2007. година призна дека е лезбејка, пред пет години ја прекина врската со продуцентката Синди Морт.
Таа во јануари изјави дека на своите деца, идентитетот на нивниот татко ќе им го открие кога ќе наполнат 21 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.