Американската филмска ѕвезда и двапати добитничка на наградата „Оскар“, Џоди Фостер, ја легализираше својата хомосексуална врска со Александра Хедисон, на тој начин што тие двете стапија во брак.
Според американските медиуми, венчавката е извршена тајно, без присуство на јавноста. Фостер (51) и нејзината брачна партнерка се заедно од октомври минатата година.
Одлуката за целосно озаконување на врската е примена како изнендување поради брзината со која е донесена. Фостер пред тоа десет години беше во врска со Сидни Берние, со која имаат заеднички посвоено две машки деца.
Хедисон, која исто така е актерка, пред врската со Фостер, три години живееше заедно со Елен де Џенерис, водителката на годинешново доделување на филмската награда „Оскар“.
Џоди Фостер пред една и пол година првпат јавно ја откри својата хомосексуалност, во едно емоционално обраќање во Холивуд, за време на доделувањето на наградата „Златен глобус“, објавувајќи го тогаш и своето раскинување со Берние.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.