| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ ја почувствува НБА, македонскиот репрезентативец на прв тренинг со Атланта хоукс (фото + видео)

Перо Антиќ ги почна тренинзите со новиот клуб Атланта хоукс, а вчера за првпат истрча на паркетот со новите соиграчи и го почуствува интензитетот на НБА-лигата. Перо беше во свој елемент, расположен, а по тренингот имаше и мини-интервју за официјалната веб- страница на популарните „јастреби“.

– Одлично се чуствувам и среќен сум што почнав со тренинзи со моите соиграчи од Атланта. Малку е поинаку од Европа, но подготвен сум да одговорам на предизвикот – изјави Антиќ (видео).

antara

Дебито во дресот на Атланта за Антиќ ќе биде на претсезонскиот натпревар со ланскиот шампион Мајами хит, во арената „Американ ерлајнс“ на 7 октомври. Сефте од соништата за Перо и можни дуели со Леброн Џејмс, Двејн Вејд, Крис Бош, секако ако тие играат и ако македонскиот репрезентативец добие шанса да настапи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top