Аргентинскиот тенисер Давид Налбандијан најави дека ќе се повлече од професионално играње тенис бидејќи не е во состојба потполно да ја излечи повредата на рамото која подолго време му претставува проблем.
-Едноставно болката во рамото не ми поминува и не можам да се натпреварувам на АТП турнири. Многу ми е тешко што морам да кажам дека се повлекувам- рече Налбандијан.
Единствено Гренд слем финале кое го одиграл е на Вимблдон во 2002. во кое загуби од Лејтон Хјуит.
31-годишниот Налбандиан во ноември ќе одигра уште еден меч со Рафаел Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.