| четврток, 6 декември 2018 |

Металург рутински победи во Бања Лука

Металург рутински го победи Борац од Бања со 4 гола разлика, 26-22

Македонскиот состав против себе го имаше најслабиот тим во регионалното натпреварување, па Лино Червар можеше да си дозволи да ги одмори своите најдобри ракометари. Така, во Скопје останаа браќата Мојсовски, потоа Станиќ, Вугринец, Атман, Димовски…, но дури и со комбиниран состав македонската екипа рутински се справи со босанскиот состав.

Борац имаше сили да се надигрува со подмладениот состав на Металург само едно полувреме, па на одмор се замина со израмнети 13-13. Во вториот дел сепак на површина излезе квалитетот на гостинскиот состав. Почнувајќи од 40. минута ланскиот четвртфиналист почна резултатски да се одлепува и на крајот да стигне до очекуван триумф.
metalurg-4
 Дејан Пецаковски беше главна фигура на овој натпревар со 9 гола од дванаесет обиди, Дејан Манасков учествуваше со шест погодоци во овој триумф, исто колку и Хрватот Кеџо. На голот на Металург солиден беше Раде Мијатовиќ со десет успешни интервенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top