| четврток, 6 декември 2018 |

Откриена масовна гробница во близина на комунистички работен логор во Романија

Романските власти признаа постоење на масовна гробница во близина на поранешен комунистички работен логор во источниот дел на Романија.Ова откритие предизвика започнување истрага, а поранешниот командир на логорот би можел да биде обвинет за геноцид.

При ископувања во логорот „Периправа” во близина на делтата на реката Дунав, биле откриени останките на пет тела со нанесени тешки телесни повреди.

-Откритието сведочи за бруталноста и примитивизмот на управата на логорот, изјави Андреј Мурару, директор на Институтот за истрага на злосторствата на комунизмот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top