Домашниот бруто-производ лани изнесувал 458.621 милиони денари, односно 7.454 милиони евра, а во однос на 2011 година реално е намален за 0,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. БДП, гледан по жител, лани изнесувал 3.616 евра и има благо намалување во однос на 2011 година, кога БДП по жител изнесувал 3.630 евра.
Лани вкупната економија заврши во негатива од 0,4 отсто. Првите два квартала од годината земјата беше во рецесија. Економијата излезе од рецесија во третиот квартал кога БДП покажа позитивна стапка на раст од 0,2 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


