| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Вратите на општина Струмица се отворени

vmro-dpmne-sdsmСДСМ реагира по денешните обвинувања од ВМРО- ДПМНЕ за огромни суми пари исплатени од општина Струмица на компании блиски до СДСМ или на најблиското семејство на пратеници на оваа партија.

„Граѓаните се прашуваат разбира ли воопшто ВМРО-ДПМНЕ што се државни инистуции и како не можат да направат разлика што е партија, а што државна институција? Очигледно за ВМРО-ДПМНЕ единствена институција е нивниот Центар за комуникации. Оттаму обвинуваат таму пресудуваат. Наместо прес-конференции на кои се вадат стари обвинувања, државните институции, под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, нека повелат, вратите на општина Струмица им се отворени“, се вели во соопштението од СДСМ од каде ги повторуваат старите прашања за роднини на премиерот Никола Груевски и друг високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top