Министрите за култура и за образование и наука, Елизабета Канческа-Милевска и Спиро Ристовски, денеска во Министерството за култура го примија проф. Драги Михајловски за лично да му се заблагодарат за неговиот превод на сите 37 драми и 154 сонети на светскиот драматург Вилијам Шекспир, кои првпат се објавени интегрално во една книга на македонски јазик. Обемното издание од 1650 страници беше промовирано неодамна во Друштвото на писателите на Македонија, а за него преведувачот и професор од Катедрата за англиски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ја доби и годинашната награда за превод „Григор Прличев“.
Михајловски ги преведува делата на Шекспир 35 години, некои од нив се веќе објавувани во посебни изданија, а некои, главно историските драми, првпат се преведени на македонски јазик во оваа книга што ја објави издавачката куќа „Каприкорнус“. Покрај преводот на целокупното творештво на Шекспир, книгата содржи и предговор во кој Михајловски пишува за творечките особености на Шекспир, како и посебни текстови за секоја драма и прилог за сонетите.
Министерката Канческа-Милевска му се заблагодари на Михајловски за преведувачкиот подвиг, за кој писателот Венко Андоновски на промоцијата пред две недели рече дека е културен настан рамен на преводот на Светото писмо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Швајцарија на балканите“-нов роман од Драги Михајловски
-
Бурен аплауз за претставата „Сон на летната ноќ“ на Андреј Цветановски на „Битола шекспир фестивал“
-
Tеатарски спектакли на петтото издание на „Битола Шекспир фестивал“
-
„Отело“ на Турски театар и „Симбелин“ на театарот „Иван Радоев“ од Бугарија на „Битола Шекспир фестивал“


