Најновиот роман на Драги Михајловски „Швајцариja на балканите“ (Издание на Матица македонска) е ново прозно остварување на Драги Михајловски во кое авторот навлегува во сферата на можното-односно на утописката литература. Возбудливо напишан роман, убаво структуиран со завршна поента во која авторот се навраќа на своето пишување, својата естетика, своето писателско вјерују и кажува дека сè што научил во животот е да пишува, односно да живее еден паралелен живот полн со возбуди што можеби никогаш не се случиле и нема да се случат во блиска иднина.
Романот „Швајцарија на Балканите“ е богата ризница на чистиот македонски јазик, танц на умот меѓу избраните зборови, постигната смисла на секоја реченица што претендира да биде дел од оваа многу креативна и врвна лексичка пирамида,констатира Раде Силјан во препораката на најновото романескно остварување на познатиот македонски писател.
Драги Михајловски (Битола, 1951), раскажувач, романсиер, преведувач. Автор е на книгите раскази:„Речно улиште“ (1981), „Ѓон“ (1990), „Скок со стап“ (1994), „Триполската капија“ (1999), „Раскази од шести кат“ (2003); на романите „Пророкот од Дискантрија“ (2001), „Смртта на дијакот“ (2002), „Бајазит и Оливера“(2003) , „Мојот Скендербеј“ (2006) и „Должници“ (2015), на книгите за деца и млади „Волшебното котле“ (1995) и „Сиромавиот и чучурлигата“ (2000). Негови дела се преведувани на англиски, француски, германски, руски, српски, хрватски, словенечки, албански, турски, бугарски, унгарски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст