Пред точно 36 години, на денешен ден во пензија отиде еден од најдобрите фудбалери на сите времиња – Едсон Арантес до Насцименто или едноставно кажано Пеле.
Бразилецот, кого го нарекуваа кралот на фудбалот, последниот професионален меч го одигра во пријателскиот двобој меѓу единствените два тима за кои играл, Сантос и Космос.
Пеле на 1 октомври одигра по едно полувреме за двата тима, а потоа соиграчите го кренаа на рамења.
Професионалната кариера ја почна во 1956 година како 15-годишен играч во Сантос, а дебитира на 16 години против тимот на Коринтијанс на кого му даде четири гола. Само две години подоцна Пеле со Бразил го освои Светското првенство. Во финалето против Шведска постигна два гола.
Пеле во својата кариера постигнал 1.281 погодок, меѓу кои неворајатни 92 хет-трика, а шест пати дал по пет гола на еден натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за покачување на пензиите за 10 отсто
-
Царовска ја почна чистката: Принудна пензија за над 1000 вработени во администрацијата
-
Ја знаете ли легендата за преубавата Преспа и настанокот на Преспанското Езеро?
-
Во Германија ако имате помала пензија од 836 евра ќе примате социјална помош


