| четврток, 6 декември 2018 |

Збогум пријателе: Фотографија на слонови која стана хит на интернет

Фотографијата на која една слоница се простува од својот мртов пријател стана вистински хит на интернет откако неодамна почна да се шири на друштвените мрежи.

Оваа фотографија е дело на 63-годишниот Џон Канеја, кој за време на сафарито во Боцвана нашол труп на слон опколен со мршојадци и со хиени.

Нивниот водич ги повикал вработените на паркот да ги избркаат хиените, но тогаш ги нападнала слоницата, која дотрчала до телото и ги избркала животните.

Фотографијата е од 2007 година, но Канеја во 2012 година ја испратил на натпревар во „Нешнел џиографик“, не добил награда поради годината кога настанала фотографијата, но добил големи пофалби од жирито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top