| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ убедлив против Росол

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, се пласираше во второто коло на турнирот во Пекинг

Новак Ѓоковиќ во првото коло го победи Лукаш Росол со 2-0 во сетови (6-0, 6-3). Следното коло Ѓоковиќ игра против Шпанецот Фернандо Вердаско, кој во дуелот победи против Индиецот Сомдев Деварман, со 2-0 во сетови.

 Beta/AP/The Canadian Press (Paul Chiasson)

Српскиот тенисер одлично го одигра натпреварот и ефикасно го заврши по само 54 минути игра.
Тој го освои првиот сет за 25 минути игра и не му дозволи на противникот да победи ни еден гем. Во истиот ритам го одигра и вториот сет и победи со конечни 2-0 во сетови.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top