Горан Пандев знае како се постигнуваат голови против Арсенал, тим на кој македонскиот репрезентативец и неговите соиграчи од Наполи ќе му гостуваат вечерва во рамките на Лигата на шампионите. Во август годинава, Пандев беше стрелец на еден од двата погодоци против Арсенал, на „Емирејтс купот“, што се одигра во Лондон.
Тој натпревар заврши нерешено 2-2, а Инсиње во 7. и Пандев во 29. минута му донесоа експресна предност од 2 гола на Наполи по само половина час игра. Особено убав беше погодокот на Македонецот, по асистенцијата на Хамшик.
Вечерва популарниот Гоче, веројатно, ќе биде стартер иако Рафаел Бенитез има слатки маки и неколку расположени офанзивци. Пандев даде два гола против Џенова во саботата и речиси сам ги совлада „црвено-сините“, со што според италијанските медиуми си го осигура местото во стартните 11 на Наполи во дуелот со Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)