Жири-комисијата на Македонската радио-телевизија ги одбра 20-те композиции што ќе бидат претставени на овогодишниот „Скопски фестивал“.
Фестивалот, кој ќе се одржува на 13 ноември, ќе биде со натпреварувачки карактер. За композицијата со најмногу гласови добиени по пат на телефонско гласање, наградата е 1.200.000 денари, второпласираната песна ќе се награди со 600.000 денари, а третопласираната со 300.000 денари. За трите композиции ќе бидат изработени и видеоспотови во продукција на МТВ.
Организаторите ветуваат дека фестивалот не само што ќе го врати стариот сјај, туку и ќе остави песни кои ќе се слушаат со години. „Скопски фестивал“ ќе биде и првата ваква манифестација која ќе земе место во новиот Народен театар, а изведувачите кои ќе настапуваат во живо на сцената ќе ги придружува големиот ревиски оркестар на МРТ.
Од пристигнатите 185 композиции, речиси сите избрани композитори се реномирани македонски музичари, а меѓу нив се најде и познатиот хрватски автор Тончи Хуљиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.