| четврток, 6 декември 2018 |

Ел Шарави повторно повреден, ќе отсуствува против Ајакс

saravi

Фудбалерот на Милан Стефан Ел Шарави само што се врати од повредата на бутниот мускул која ја заработи на почетокот на септември, повторно се повреди на последниот тренинг на Милан пред патувањето во Амстердам каде треба да игра во рамките од Лигата на шампионите против домашната екипа на Ајакс во второто коло. Популарниот „фараон“ се пожалил на болки во стопалото и веднаш е констатирано дека тој ќе отсуствува на средбата во Амстердам. Од таборот на „росонерите“ се надеваат дека паузата од повредата нема да трае долго. Засега е сигурно дека покрај наптреварот против Ајакс Шарави ќе го пропушти и дерби дуелот од седмото коло во италијанското првенство против екипата на Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top