| четврток, 6 декември 2018 |

Кили доби нови 30 дена притвор

Кривичниот совет на основниот суд Скопје 1 му го продолжил притворот на актерот Кирил Поп Христов за нови 30 дена, објави „Канал 5“ Од кривичниот суд за Канал 5 потврдија дека притворот е продолжен поради опасност од бегство и повторување на делото.
Кили минатата недела неколку пати беше носен на прегледи на скопските клиники. Неговото семејство и одбраната бараат укинување на притворот бидејќи му е неопходен соодветен медицински третман за туморот. Тој беше уапсен на 6ти септември во куќата на неговата мајка во Визбегово, каде полицијата открила мини лабораторија со 80 саксии канабис сатива.
Против него е покренато и обвинение и се очекува наскоро во судница да ја даде својата одбрана околу марихуаната, дали и зошто ја одгледувал.
Неговиот брат кој не беше во земјава за време на апсењето се уште е недостапен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top