| четврток, 6 декември 2018 |

Заев нема намера да му се извини на Мијалков

zaev pred vlada 3Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, нема намера да му се изини на директорот на УБК, Сашо Мијалков.

-Ниту размислувам,ниту имам намера да му се извинам на Сашо Мијалков.Јас и СДСМ имаме основано сомнеие за прашањата што ги поставуваме – вели Заев за Нова.

Пол­но­мош­ни­кот на Мијалков адвокатот Антонио Апостолски му ис­пра­ти писмо на лидерот на СДСМ, со кое бара извинување за изјавата да­де­на во интервјуто за Интернет порталот Нова, како и на прес – конференциите, ко­ја содржи клевети и навреди
Заев на ова вели:

-Реакцијата на Сашо Мијалков говори за степенот на дрскост и ароганција на оваа власт. Наместо тој и неговиот прв братучед Никола Груевски да одговорат на прашањата адресирани до нив,Мијалков се заканува со тужба и бара од мене и опозицијата да се откажеме од основната улога што ја имаме во општеството. Да ги разобличиме злоупотребите и криминалите на власта и да ги презентираме во јавноста. Сашо Мијалков ќе тужи.За него поставени прашања се клевета и навреда.Семоќниот клан Груевски не е навикнат да одговара на ненарачани прашања.Најлесно им е да ги искористат поданиците во судството да пресудат во нивна полза. Искрено верувам дека судиите конечно ќе смогнат храброст и ќе се спротивстават да објавуваат однапред напишани пресуди.Наместо образот на сомнителни лица,да се обидат да го исчистат образот на еден од столбовите на демократијата-судската власт, вели Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top