Македонија и Косово потпишаа протокол за воена соработка.
Со протоколот за воена соработка се продлабочува соработката во повеќе области, како што се одбраната, образованието, размената на искуства, заеднички вежбовни активности, средби на стручњаци од разни сфери, спортски натпревари, искористување на капацитетите на АП „Криволак“ и Воената академија, каде се образуваат и питомци од Косово, заедно со питомците од Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Хрватска.
Како Република Македонија и како Министерство продолжуваме да им даваме поддршка на Република Косово и на Министерството на безбедносните сили на Република Косово, во изградбата на капацитетите за коишто се определиле во однос на воспоставување на потребната формација којашто произлегува од планот на Ахтисари.
Талат Џафери, министер за одбрана.
Ова го изјави министерот за одбрана Талат Џафери по потпишувањето договор за соработка во одбраната со неговиот косовски колега Агим Чеку.
„Како Република Македонија и како Министерство продолжуваме да им даваме поддршка на Република Косово и на Министерството на безбедносните сили на Република Косово, во изградбата на капацитетите за коишто се определиле во однос на воспоставување на потребната формација којашто произлегува од планот на Ахтисари“, рече Џафери.
Министерот на безбедносните сили на Косово Агим Чеку рече дека добрососедските односи се јасна определба на Косово и прецизираше дека потпишаниот протокол вклучува соработка во билатералните односи на регионално ниво и во рамки на НАТО интеграциите.
Ние сме убедени дека само продлабочената и супстенцијална соработка и усогласените политики и координираните одлуки се најдобар начин за изградба на овие добрососедски односи и изградба на мирот и стабилноста во регионот.
Агим Чеку, министер на безбедносните сили на Косово.
„Ние сме убедени дека само продлабочената и супстенцијална соработка и усогласените политики и координираните одлуки се најдобар начин за изградба на овие добрососедски односи и изградба на мирот и стабилноста во регионот“, рече Чеку.
Во врска со определената квота за запишување питомци на Воената академија во Скопје, Џафери рече дека ќе се запишуваат 26 питомци од земјава, а осум места се оставени за питомци од армиите од земјите од регионот, вклучително и од Косово.
Џафери не сакаше да го коментира црногорскиот предлог за формирање т.н. западнобалканска шесторка, додека неговиот косовски колега рече дека на предлогот гледа како на соработка меѓу државите од поранешна Југославија, а не како формирање нова зедница. Косово има интерес да има добра соработка со сите земји од регионот. Сите земји од регионот имаат заедничка перспектива, а тоа е интеграција во ЕУ и во НАТО и таквата интеграција ќе биде остварена само преку соработка, рече Чеку.
За безбедносната ситуација на Косово, Чеку рече дека е стабилна, но дека сепак во северниот дел има поединци и структури кои се спротивставуваат на договорот што го потпишаа Косово и Србија. Северниот дел на Косово отсекогаш бил потенцијална закана за косовскиот мир и безбедност, особено по војната, но сепак сме тргнати во добар правец тоа да се реши, одговори Чеку, додавајќи оти трите страни – Косово, Србија и ЕУ се посветени да се постигне успех.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.