Во Клиничката болница-Штип утрово почина 59 годишниот Данчо Петров кој минатиот четврток со нож до смрт ја избоде неговата сопруга, Соња Петрова, кај Домот на културата во Штип.
По извршените операции во текот на ноќта, здравствената состојба на Петров се влошила. Началникот на Одделението за Интензивна нега во Клиничка болница-Штип, Билјана Ефтимова информира дека на денот на приемот кај пациентот е констатирано дека самиот си нанел убодни рани и оти се пробиени дел од внатрешните органи.
Ефтимова посочи дека врз телото на Петров ќе биде извршена обдукција. Инаку, мотивот за убиството и обидот за самоубиство од Петров се брачни несогласувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка


