| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки политичари го делат интервјуто на Шекеринска низ Брисел

sekerinska intНетпрес пренесува дека грчки политичари во Брисел деновиве го делеле на своите колеги интревјуто на Шеќеринска дадено за грчкото издание на „Еуроактив“ како аргументи против Македонија.

Шеќеринска во интервјуто зборува дека премиерот Никола Груевски е тој што не сака да најде решение за спорот за името и дека го користи за да создава внатрешни непријатели, потоа го критикува спроведување на реформите и состојбата на медиумите во земјата. Сите овие изјави сега грчките политичари во Брисел ги користат за да ги убедат колегите од другите земји дека се во право кога не дозволуваат на Македонија да и’ се додели датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија и ја државата земјава надвор од НАТО веќе пет години.

Интервјуто на вториот човек на СДСМ беше пренесено и од голем број на грчки медиуми кои и’ отстапија значителен простор во своите изданија.

Токму вчера, владејачката партија ВМРО ДПМНЕ побара од Шеќеринска да им се извини на македонските граѓани за нејзините изјави.

„И СДСМ и Радмила Шеќеринска имаат секакво право да се борат против оваа власт и Влада, но не преку грбот на националните и државни интереси. Тие може да не критикуваат за што ќе посакаат, но мора да водат сметка кога во прашање се толку суштествени прашања како спорот што е наметнат од Грција. Напаѓајќи ја Владата, во овој случај повеќе ја напаѓаат државата“, рече пратеникот Влатко Ѓорчев на вчерашната прес конференција во Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.

Политичките аналитичари изјавите на Шеќеринска ги оценија како штетни за Македонија, нарушување на преговарачките позиции во спорот за името, затемнување на нашите црвени линии и големо алиби за грчката дипломатија. Граѓаните исто така се согласуваат со оваа оценка и сметаат дека сите домашни политчари треба да имаат еден и единствен став кога станува збор за прашањето за името и негово решавање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top