| четврток, 6 декември 2018 |

Како прославуваат банкарите (ГАЛЕРИЈА)

Општо прифатената слика за луѓето кои го движат светот и на кои најчесто им ги доверуваме нашите финансии – е строг изглед, професионален однос и концентрација на работата.

Но, кога во петокот работното време заврши, а часовникот покажа 16:30, една банкарска фамилија ги остави бројките и замина на заслужена прослава.

Некои сѐ уште во своите униформи, но сепак насмевки, опуштени и весели, вработените на една од најпознатите банки во Македонија со коктел забава во центарот на Скопје, го прославија својот јубилеј – 20 години постоење на „УНИБанка АД Скопје“ и 10 години успешна работа под брендот„ УНИБанка“ на македонскиот пазар. Менаџментот на банката оваа година го одбележи  јубилејот во присуство на своите вработени и претставници на средствата за јавно информирање.

А сега малку бројки…

За тоа како се развиваше „УНИБанка“ во изминативе 10 години, од трансформацијата на сопственичката структура до денес говорат податоците дека пред десет години банката имаше актива од 25 милиони евра, а пазарното учество изнесуваше 1,5%. Имаше депозити  од 8 милиони евра и загуба од 4,3 милиони евра. Денес, десет години подоцна, „УНИБанка“ има учество на пазарот од 3,1% и нето – добивка од 1,5 милиони евра. Активата изнесува 176 милиони евра, депозитната база достигна 144 милиони евра.

Растот на Банката се одрази и преку зголемувањето на бројот на вработени во изминативе 10 години. Денес „УНИБанка“ има 391 вработен, 34 експозитури во сите градови низ Македонија, со поставени 113 АТМ уреди и 3.258 ПОС терминали.

„УНИБанка“ беше една од првите банки која воведе картички со чип во Македонија. До денес има издадено на 128 илјади картички и во делот на картичното учество има пазарно учество од 9,6% од пазарот.  Како банка која постои за клиентите, нивниот број, заклучно со јуни 2013 достигна 227 илјади клиенти.

За досегашните успешни резултати од работењето, „УНИБанка“ доби номинација за најдобра компанија од Европското бизнис – собрание од Оксфорд, а претседателот на УО на Банката, г – нот Коста Митровски за најдобар менаџер за 2013 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top