Унгарската влада планира да национализира, односно деприватизира шест до седум компании кои вршат комунални услуги за да се намали цената на енергијата за домаќинствата и да се ревитализира економијата.
– Сѐ уште не можам да откријам детали, но постојано разговараме за откуп или за враќање во државни раце, најмалку шест или седум сериозни компании, кои претходно биле приватизирани – соопшти премиерот Виктор Орбан. Иако не ги појаснил деталите од овој план, тој ветил дека неговата влада, доколку биде повторно избрана, ќе ги ренационализира комуналните компании кои по две години после тоа би работеле без профит поради намалувањето на цената на своите услуги.
– По изборите, идната унгарска влада ќе мора да одговори на прашањето, како да се намалат цените на енергија на ниво на американските цени доколку треба со нив да се натпреваруваме на светскиот пазар – додава Орбан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Град Скопје основаше ново претпријатие за енергетика
-
Мицкоски: Либерализацијата на пазарот ќе ја поскапеше струјата за 20 проценти, Македонците плаќаат 2,5 пати поевтина струја од граѓаните на ЕУ
-
Меморандум за соработка во енергетиката меѓу Македонија и Албанија
-
Oдложувањето на либерализацијата е со цел да се спречи поскапувањето на струјата за домаќинствата


