| четврток, 6 декември 2018 |

Фото: Футуристичката кула на Водно

Tелекомуникацискатa кула на Водно, во која ќе бидат сместени предавателите на македонските оператори и антенскиот систем за контрола и надзор на радиофреквенциите, ќе се гради во близина на врвот на Водно, на 500 метри источно од Милениумскиот крст. Овој објект ќе го гради градежната компанија „Гранит“, јавува „Скопје инфо“.

Заедно со основниот договор, финансиската конструкција на ова здание ќе изнесува околу 18,1 милиони евра. „Гранит“ преку Македонската берза извести дека кулата ќе биде готова за 5 години, а самата изградба ќе чини 17,6 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top