| четврток, 6 декември 2018 |

Олбрајт: Интервенцијата на САД во Косово не беше легална, но беше правилна

medin olbrajt

Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт изјави дека постапката на САД во Косово, вклучувајќи го и бомбардирањето без мандат на ОН, била против меѓународното право, но и покрај тоа била правилна, јавија американските медиуми, пренесува „Танјуг“.

Правејќи парапела меѓу кризата во Косово од 1999 година и моменталната во Сирија, Олрајт за американското национално радио НПР истакнала дека постојат низа начини на кои САД би можеле да изведат воен удар на сирискиот режим без одобрение од Советот за безбедност на ОН.

– Мислам дека постојат низа различни начини за да се направи тоа. Кога прашувате дали тоа е легално, искрено да се вратам на Косово, системот во некоја рака рече дека тоа што таму го направивме не било легално, но беше правилно – рекла Олбрајт.

Секогаш верував дека нам ни е подобро да направиме нешто мултилатерално, него унилатерално. Но, постојат други начини за тоа да се сфати и да се излезе од ќор-сокакот на Советот за безбедност на ОН, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top