Аргeнтинскиот напаѓач Карлос Тевез веднаш по завршувањето на мечот со Торино постави фотографија на својот профил на „Твитер“, на која јасно се гледаат последиците од бруталниот старт на напаѓачот на Торино, Чиро Имобиле.
Имобиле доби само жолт картон иако заслужи црвен. Јувентус потоа постигна сомнителен погодок, во акција во која токму Тевез беше актер во контроверзната ситуација.
– Така е, ние секогаш победуваме со помош, а за тој што за малку ќе ми ја скршеше ногата, само жолт картон – напиша Тевез на својот профил на „Твитер“ со голема доза сарказам.
Последните информации од Италија велат дека „десетката“ на Јуве ќе го пропушти дуелот против Галатасарај во ЛШ поради оваа повреда.
httpv://www.youtube.com/watch?v=d-aEuknxXHo
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)