Шеесет годишниот Јорго Ангелевски починал од несоодветната терапија што ја добил во Службата за ургентна медицина во Клиничката болница во Битола, кога наместо инфузионен раствор му било дадено средство за дезинфекција.
Ова е дел од токсиколошкото вештачење на Институтот за судска медицина во Скопје, кое конечно е доставено до истражните органи. Ангелевски влегол во битолската болница на 15 август, жалејќи се на болки во стомакот можеби поради неговата хронична депресија. Истиот ден членови на неговото семејство си го земале Ангелевски во мртовечки ковчег. Утредента тој беше погребан, и од тогаш членовите на неговото семејство се обидуваат да ја дознаат вистинската причина за смртта на нивниот роднина.
Според информациите на „Нова Македонија“, Јорго Ангелевски починал од средството за дезинфекција, што наместо инфузионен раствор му било дадено за време на неговото лекување во службата за ургентна медицина.
Веднаш по добивањето на токсиколошкото вештачење, кое веќе било доставено до истражниот судија на Основниот суд во Битола, по барање на Основното јавно обвинителство (ОЈО), за утврдување на вината за смртта на Ангелевски, СВР Битола поднесе кривична пријава против техничарот на службата З.Д (48) за кривично дело “убиство од небрежност”.
Информацијата за поднесената кривична пријава ја потврдиле и од СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка