| четврток, 6 декември 2018 |

Василакис го демантираше Нимиц

Само десетина минути му требаа на грчкиот преговарач за да ги демантира изјавите на медијаторот Нимиц дадени по средбата со грчкиот и македонскиот преговарач на Ист Ривер.

Според дописникот на Канал 5 телевизија од Атина Василакис за акредитираните грчки новинари во Њујорк изјавил дека нема никаква промена од Скопје, позициите остануваат во истите познати рамки.

Атинската новинска агенција пренесува дека средбите во Њујорк на Нимиц со преговарачите не донесле напредок во преговорите.

„Според дипломатски извори и за време на денешната заедничка средба и за време на вчерашните одвоени средби со претставниците на Грција и ФИРОМ, скопската страна не покажа никаков нов елемент и нејзините позиции се движеа во истите познати рамки. “ – пишува АПЕ повикувајќи се на свои извори од Њујорк пренесува Канал 5. .

Грчката новинска агенција најавува дека новата средба на медијаторот со преговарачите ќе биде во средината на март во седиштето на ОН.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top