
Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ја обвини потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска дека во интервјуто дадено минатата недела за грчки медиум ја изедначила вината на Грција и на македонската влада околу проблемот за името.
Ѓорчев праша зошто до сега Шекеринска не излегла јавно да им се извини на граѓаните поради изнесените ставови со кои се нарушуваат и загрозуваат македонските позиции кон спорот кој Грција го наметна.
– Ситните партиски интереси, личниот гнев и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ, не се доволна причина за еден политичар како Радмила Шеќеринска да си дозволува да ги загрози интересите на целата држава и на сите граѓани. Таа може да биде лута на сите заради своите изборни неуспеси, но не треба да зборува со аргументи кои може да и нанесат штета на својата држава. Грчката држава и грчката дипломатија со задоволство користат вакви примери, во кои политичари како Радмила Шеќеринска, ја изедначуваат и вината и одговорноста на Република Македонија и Грција. Затоа впрочем ја пренесоа сите грчки медиуми. Од полза им е. Оваа не е прв пример на политичар од СДСМ. Да зборувате за проблемот на Република Македониja, а да не ја споменете пресудата од Меѓународниот суд на правдата од Хаг, да не ги спомнете позициите на граѓаните во врска со прашањата на идентитетот и да не ги споменете сите конструктивни чекори кои Македонија ги превзема во овие дваесетина години, секако може да остави впечаток за политичар кој повеќе се грижи за својот имиџ во очите на грчката јавност од тоа што се грижи за националните и државни интереси на Република Македонија. Искрено жалиме што ставовите на Шеќеринска често ги слушаме и како аргументи на грчките дипломати кога објаснуваат зошто нашата држава не треба да продолжи да чекори кон ЕУ и НАТО. Тоа за Република Македонија е проблем. И СДСМ и Радмила Шеќеринска имаат секакво право да се борат против оваа власт и Влада, но не преку грбот на националните и државни интереси. Тие може да не критикуваат за што ќе посакаат, но мора да водат сметка кога во прашање се толку суштествени прашања како спорот што е наметнат од Грција. Напаѓајќи ја Владата, во овој случај повеќе ја напаѓаат државата. Очигледно нејзината желба да се претстави за успешени модерен политичар отишла до таму што е подготвена да се трампа со интересите на сопствената земја, изјави Влатко Ѓорчев на дешената прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


