Манифестацијата „Денови на модата Штип“ со голем интерес проследена од штипјани. Салонот Диро, три вечери со ред беше преполн со љубители на модата кои имаа можност да ги видат најновите колекции на модните куќи Астибо Беас, Дизајн С, Линеа и Баргала.
Моделите ги носела 30 менекенки од модното студио Црнокрак, сценариото го подготви Даниел Папаров а кореографијата беше на Сања Сутеска.
Поради големиот интерес на публиката, организаторите најавија продолжение на Денови на модата Штип за на пролет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.