| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот стана и магистар за одбрана

talat dzaferi

 

Министерот за одбрана, Талат Џафери, вчера во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје успешно го одбрани својот магистерски труд на тема „Имплементација на стратегиските определби на Република Македонија во однос на Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија“, соопштија од министерството за одбрана.

Во рамки на одбраната пред тричлената комисија предводена од проф. д-р Трајан Гоцевски, Џафери се осврнал на поголем број клучни елементи од определбите на Република Македонија во контекст на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како развојот на способностите на безбедносната и одбранбена политика на Унијата, концептот на борбените групи на ЕУ со акцент на учеството на нашата држава во истите, процесот на пристапување кон Унијата, како и меѓусебниот однос, Република Македонија – Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top