Играчите, капитенот и целата екипа заслужуваат неверојатни честитки. Металург и поклони на публиката голем подарок. Ова е благодарам на публиката, за сето ова веме што не поддржува и што е со нас. Мислам дека играчите пред натпреварот добро разбраа што реков – пораката беше до сите, не само за играчите туку и за цела Македонија: „Се потценуват, а многу вредат. Многу повеќе отколку што покажуваат.“ Мило ми е што покажавме дека вредиме повеќе од што мислат луѓето. Не е лесно да се игра со ПСЖ. Тоа се играчи-големи шампиони. На почетокот многу ги преценивме. Им реков на играчите на ваква голема екипа треба да им дишеме во врат цело време. Така тие почнаа да губат самодоверба. А на крајот срцето победи. Публиката беше фантастична. Беа страшни. Им благодарам. Горд сум на играчите, уште еднаш им честитам, не би издвоил никој сите беа фантастични, изјави тренерот на Металург Лино Червар.
Тренерот на ПСЖ беше многу краток во изјавата.Им честиташе на играчите на Металург за победата, се заблагодари за добриот пречек од домаќините и призна дека неколку играчи не биле на потребното ниво.
– Честитам на Металург. Имавме добар пречек и бевме послужени на секое ниво. Ни недостасуваше константност во натпреварот, и во клучните моменти кога требаше да одиме на плус еден- два, ние требаше да надоканадиме и ни беше тешко да надополниме. Немам друго што да кажам. Имавме некои подеми, но неколку играчи не беа во најдобра форма денеска, изјави кратко тренерот на „Светците“, и веднаш ја напушти прес конференцијата извинувајќи им се на новинарите дека не може да одговара на прашања затоа што треба да го фатат авионот за Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.