| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона се врати во препознатлив стил со нова голеада против Тун

Ракометниот гигант Барселона се врати на препознатливиот стил од почетокот на сезоната кога во два натпревари постигна вкупно 85 гола, а сега настрада швајцарскиот Вакер Тун со пораз од 19 гола разлика. Барселона постигна дури 45 погодоци, за триумф од 45-26 во меч од второто коло од Ц групата во Лигата на шампионите. Само Вардар (29-29) успеа да ја задржи Барселона под 30 погодоци на четирите стартни натпревари во новата сезона за Каталонците.

Барселона е лидер во Ц групата по некомплетното второ коло со 3 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top