| четврток, 6 декември 2018 |

ТВ „Алфа“: Ограбен Куршумли Ан

Kursumli_an_skopje_eu

Куршумли Ан, за Водици бил мета на крадец. Освен украдениот разен алат, натрапникот оштетил дел од саркофаг, стар најмалку 17 века. Настанот, кој не беше објавен во дневниот билтен на МВР, го потврдија од скопската полиција, јави предмалку телевизија Алфа

„на 21 Јануари е пријавено дека во периодот од 18 до 21 Јануари, во Музејот на Македонија, поточно Куршумли Ан, од страна на непознат сторител извршен е упад со насилно отварање на вратата. Од објектот е одземен разен алат со вкупна вредност од 185 000 денари. Пријавено е оштетување на една камена плоча.“ – велат од СВР Скопје.

Директорот на Музејот на Македонија, под чија надлежност е и Куршумли Ан, претпоставува дека крадецот посегнал по културното наследство мислејќи дека во камените саркофази се кријат вредни предмети. За инцидентот ја известиле управата за заштита на културното наследство од каде треба да ја проценат направената штета.

„Тоа што упадот е за време на празникот Водици укажува дека крадецот имал разработен план. Во тој дел од објектот се уште немаме видео- надзор па обезбедувањето не го забележало упадот. Некакво решение ќе има наскоро бидејќи сме во очекување објектот да го презеде турскиот културен центар. “- изјави меѓу другото директорот на Музејот на Македонија, Перо Јосифовски.

Безбедноста на Музејот на Македонија се најде во јавноста и пред неполна година. По редовниот тендерски избор на агенција за обезбедување, добитникот ја прекина традицијата да ги ангажира лицата кои со децении го чуваа објектот. Според директорот Јосифовски, кој и да бил на служба, грабежот не можел да биде спречен потсетувајќи дека слично оштетување имало и пред четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top