Вчеравечер околу 00.10 часот во комплексот „Пелагонка 2“ во центарот на Битола, од страна на непознат сторител физички бил нападнат 69-годишниот битолчанец Д.П.
Напаѓачот го удирал со рацете во пределот на главата и телото. После тоа му извршил пребарување по џебовите, му одзел 500 денари и му се заканил дека ако го пријави случајот во полиција ќе го убие.
СВР Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.