Петра Квитова ја освои 11. титула во својата кариера кога утрово, во финалето на Пан Пацифик турнирот во Токио ја совлада германската тенисерка Ангелика Кербер со 6:2, 0:6 и 6:3.
После 1 час и 39 минути колку што и траеше финалниот меч, Квитова доби вредносен чек од 426.000 долари, а поразената Кербер доби двојно помалку. Квитова освои и нови 900 бодови со кои сигурно ќе си го поправи пласманот на WTA листата на која моментално го зазема 11. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


