| четврток, 6 декември 2018 |

И покрај забраната, во Белград се оддржа геј парада (фото+видео)

parada1

И покрај забраната за оддржување Парада на Гордоста во Белград, околу 200 припадници на ЛГБТ заедницата вечерва се собрале на улицата Кнез Милош пред зградата на српската влада. Собирањето завршило без никакви инциденти.

parada-ponosa270913ras-foto-dusan-milenkovic-0272_f

Тие носеле знамиња во боите на виножитото и шетале низ центарот на градот придружувани од полицијата. Извикувале „Ова е Србија“, „Да живее љубовта“, „Да живее прајдот“, за на крај да запеат „Ај Кармела“.На протестната прошетка бил забележан и началникот на полициската управа на Белград, Веселин Милиќ.

parada-ponosa270913ras-foto-dusan-milenkovic-0392_f
-Нема да се тргнеме, затоа што не сме ние тие кои треба да бидат отстранети од улица, ниту треба да бидеме изолирани. Оа е прв чекор запо неколку години да имамо прослава, а не да се криеме – изјавила Маја Микиќ, член на организациониот одбор.

parada-ponosa270913ras-foto-dusan-milenkovic-0073_f
Тие нагласуваат дека единствената цел на собирот е демонстрација на човековите права. Слободата на собирање, велат од организацијата, мора да биде гарантирано право на сите оние кои сакаат да се соберат.
-Денеска таа слобода ни беше одземена, а ние вечерва се обидовме да ја уживаме – додаваат тие.

Извор: БЛИЦ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top