Нема повредени во авионот на Croatia Airlines кој вечерва, околу 20 часот и 20 минути „слета на нос“, односно без предно тркало. Според хрватски Индекс, сите 60 патника и четворицата членови на екипажот се чувствуваат добро.
АвионотDash 8-Q400 Croatia Airlinesa (со регистарска ознака 9A-CQC) на деншниот редовен лет од Загрб кон Цирих, со полетување во 17 часот и 45 минути имаше несреќен случај при слетувањето на пистата во Цирих во 20 часот и 20 минути. Дошло до технички проблем со извлекувањето на предното тркало, по што леталото слетало без предно тркало – велат од Croatia Airlinesa.

Авионот со капацитет од 76 седишта бил вклучен во хрватската флота во 2009 година. Од Croatia Airlinesa велат дека бил редовно одржуван во техничкиот центар во Загреб и досега немал слични технички проблеми. Се уште не се познати причините кои го предизвикале проблемот, а за целото случување ќе биде поведена детална истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


