Еден пенал подарок за Реал Мадрид, ќе го чини два меча пауза судијата Фернандес. Така одлучи дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација. Тоа е слаба утеха за Елче, тим што загуби од непостоечки пенал со 1-2 од Реал Мадрид и тоа во 94 минута.
По обостраното влечење во шеснаесетникот на Елче, меѓу Санчес и Пепе, судијата Фернандес досуди пенал за Реал, а Кристијано Роналдо не го испушти подарокот и погоди од белата точка за триумф на „кралскиот клуб“. Коментарите подоцна беа дека пеналот беше вистински подарок за гостите од Мадрид, а тоа чини само два меча суспензија за Фернандес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


