| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц: Позициите на Атина и Скопје се кристализирани

Што се разговараше денеска во Њујорк? Детали од новата рунда разговори за името

Позициите на двете земји се кристализирани. Напорно се работи во секој од двата главни града кои работат напорно за да дојдеме до договор. Денеска добив реакции на моите идеи и затоа имавме конструктивни  дискусии . Наскоро пак ќе се сретнеме за да г продолжиме разговорот , но не поставивме датум кога тоа ќе се случи“, изјави американскиот дипломат.

Медијаторот ги пофали и двете страни , рече дека имал голема соработка со двете земји. Како и во минатото не сака да коментира јавно за работите кои што се намаса затоа што дипломатската логика не го дозволува тоа. Според него прашањето е дефинирано од ОН и сите предлози се однесуваат на ова прашање. Нимицденеска ја отвори и темата за интересот на други земји и институции за прашањето за името. Има многу голем меѓународен интерес , многу земји членки на Ондоаѓаат кај мене затоа што знаат дека со ова прашање покрај подобрувањето на односите на двете земји дополнително ќе се стабилизира целиот регион изјавивечерва Нимиц пред новинарите во Њујорк.

„Процесот не е во облаци туку се симнува долу во реалниот свет“,  изјави медијаторот Нимиц по средбата со преговарачите на Грција и Македонија која траела два часа а заврши неѓто по 18 часот 18 часот  по македонско време во зградата на Обединетите нации на Ист Ривер.

Според Нимиц процесот е конструктивен и тој не е разочаран од тоа што го слушнал денеска во Њујорк . Според него има работи кои што се многу тешки за двете страни и затоа тој се обидува  работите да ги согледа и да им пристапи од различна страна

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top