| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е ниско задолжена земја

vmro dpmne

Македонија има меѓу најниските буџетски дефицити во Европа и е четврта најниско задолжена земја во Европа. Тоа е факт и тоа му пречи на СДСМ, бидејќи фактите и бројките ги побиваат приказните за грчкото сценарио што тие се обидуваат да ги пласираат во јавноста, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов.

-Ако СДСМ не им верува на бројките и на фактите, тогаш нека им верува на ММФ и Светската банка, кои како независни меѓународни институции, го потврдија тоа – дека Македонија е ниско задолжена земја со умерен буџетски дефицит. Повторно го прашуваме СДСМ, што имаат против пензионерите, па сте контра исплатата на покачувањето на нивните пензии? Дури беа тие на власт им кратеа од пензиите и доцнеа со исплатата, па сега повторно се обидуваат преку интриги околу ребалансот да ја спречат исплатата на покачувањето – реагира ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека СДСМ имала бледи резултати во време на економски бум во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top