| четврток, 6 декември 2018 |

Слободно допингувајте се, ќе ве фатат кога ќе ја завршите кариерата

Допингот е присутен во сите спортови, а на ред дојде и фудбалот, но реакцијата на антидопинг-агенциите е премногу бавна. Спортистите се казнуваат со огромно задоцнување, а голем дел од нив дури откако ќе ја завршат кариерата. Последен пример е познатиот португалски фудбалер Деко, кој играше за тимови како Порто, Барселона и Челси.

Тој лани во август се пензионираше на 36 години, а дури сега е казнет за допинг со 12-месечна суспензија. Последен клуб пред да му каже збогум на фудбалот му беше бразилскиот Флуминензе. Контролата за допинг била направена на почетокот на 2012 година, а зошто се чекало толку време за да се објави позитивниот наод на Деко не е познато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top