Петкатна станбена зграда се урна денеска во индискиот град Мумбај, кој важи за финансиски центар на Индија. Зградата се урнала рано утринава. Спасувачите се обидуваат да стигнат до 25 лица, за кои се претпоставува дека останале затрупани под урнатините.
Ова е втор ваков случај во Мумбај годинава. Во јуни се урна трикатна зграда, при што загинаа десет лица. Уривањето на загради во Индија се честа појава бидејќи поради големата побарувачка на станови во индиски градови, кои забрзано се развиваат, но и поради раширената корупција, градежните фирми често користат неквалитетни материјали или градат повеќе катови од одобреното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Општина Аеродром: Нема можност за стопирање на градбата кај Мајчин дом
-
За инает, нема ни ходник, ни лифт: Инвеститорот на најтенката зграда работи нелегално!
-
Судирот на двајца браќа создаде монструм: Оваа зграда е ново градежно чудо!
-
Инвеститорот на објектот кај „Мајчин дом“: Ќе поднесам тужби ако ми се кочи градбата