Двособен стан во Источен Берлин, во кој Ангела Меркел живеела 4 години до падот на ѕидот во 1989 година, се нуди за изнајмување по цена од 55 евра на ноќ.
„Сега секој може да го изнајми студентското сместување на младата Ангела Меркел“, пишува весникот „Билд“. Огласот е наречен „Да живееме како канцеларката“.
30-годишната канцеларка, разведена со првиот сопруг и без деца, го изнајмила апартманот на „Шонхаузер алее“ во централниот кварт „Пренцлацер Берг“ во 1986 година. Во него редовно ја посетувал професорот по хемија Јоаким Зауер, кој стана нејзин сопруг во 1998 година.
По падот на Берлинскиот ѕид, областа станува многу популарна меѓу младите семејства, богатите ергени, па и туристите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


