| четврток, 6 декември 2018 |

Јованка Броз приклучена на апарати – ѝ откажува срцето

jovanka1

Здравствената состојба на вдовицата на Тито, Јованка Броз, утрово нагло се влошила, објави српски „Курир“.

Според нивните информации, поради влошената состојба, 92-годишната поранешна прва дама на Југославија била приклучена на апарати.

– Состојбата на Јованка Броз е полоша од претходните денови и прилично е сериозна. Дојде до благо попуштање на белите дробови и срцето. Во нејзини години тоа е и очекувано. Таа не е свесна и е приклучена на респиратор – соопштил заменик-директорот на Ургентниот центар во Белград, Душан Јовановиќ.

Јовановиќ информираше дека Броз во последниот период прилично се опоравила од претходната состојба во која беше донесена во болница, но вчера нагло ѝ се влошила состојбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top