| четврток, 6 декември 2018 |

Канабисот одобрен од чешкиот Сенат

Канабисот легализиран во Чешка, ќе може да се купи само со електронски рецепт

Cannabis-sativa-sat-1-630x486
Чешкиот Сенат денеска го одобри законот усвоен во долниот дом на парламентот со кој се дозволува употреба на канабис со терапевтски цели.
Од вкупно 74 присутни сенатори, 67 го поддржаа текстот кој треба да биде потпишан од претседателот на државата, информираат чешките медиуми.
Законот предвидува употребата на канабис со цел олеснување на симптомите на болести како рак, Паркинсонова, мултиплекс склероза, псоријаза и атопичен егзем. За спречување на злоупотребите сепак тој ќе може да се купува само со електронски рецепт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top