Развојот на македонско-австралиските трговски и деловни односи, со посебен акцент на придонесот на македонската заедница во развојот на Западна Австралија и проширување на врските со Република Македонија била тема на средбата на почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Зоран Ќосески со министерот во владата на Западна Австралија за енергетика, финансии и мултикултуни прашања, Мајкл Нахан.
Досегашниот пример на инвестиции и бизнис контакти на западноавстралиските фирми со македонското стопанство е добар почеток за понатамошен развој и влегување на поголем австралиски капитал во Македонија, пренесе мкд.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


